| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ги амнестира уапсените демонстранти

Ukraina-pomegju-EU-i-Rusija-9

Украинскиот парламент го одобри нацрт-законот за амнестија, кој беше изготвен од постојаниот претставник на претседателот во Врховната рада, пратеникот од Партијата на регионите, Јуриј Мирошниченко.

Нацрт-законот го поддржаа 232 пратеници, од 416 присутни. Законот предвидува амнестија за демонстрантите, кои беа уапсени во судурите со полицијата, но под одредени услови, кои опозицијата не ги прифаќа и која се воздржа од гласањето.

Нацрт-законот, кој беше усвоен без дискусија на пленарна седница, предвидува амнестија за сите учесници во немирите за време на масовните протести, освен за извршителите на тешки криминални дела. Во согласност со текстот, демонстрантите треба да ги ослободат од нив окупираните државни згради во Киев и земјата во рок од 15 дена за да бидат амнестирани.

На гласањето на законот му претходеа остри дебати во парламентарните групи, во кои учествуваше и претседателот Виктор Јанукович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top