| четврток, 6 декември 2018 |

Лажниот судир меѓу Наташа Савова и Зоран Заев

Две крила - еден вечен шеф

Паралелно со обидите на СДСМ да создаде неточен впечаток во јавноста дека ВМРО- ДПМНЕ оди на предвремени избори затоа што му паѓа рејтингот, најголемата опозициска партија во јавноста креира наводен конфликт во своите редови.

Идејата е јавноста да мисли дека има судир меѓу вештачки создаденото крило на Наташа Савова и на актуелното раководство на СДСМ предводено од Заев, од друга страна.

Фактот што партијата веднаш реагираше на голата преписка на социјалните мрежи коментирајќи го наводниот револт на Савова, всушност ја откри фарсата која требаше да создаде привид на кавга во редовите на опозицијата.

Не е првпат СДСМ да се обиде да креира сценарија зад кои вообичаено стои Црвенковски, го испорачуваат неговите приврзаници на чело со Заев и најблиската соработничка Наташа Савова, а го објавуваат медиумите блиски на Бихаќка .

natasa savova 3

 

Ваквата провидна виртуелна кавга во левицата требаше да му обезбеди чист простор на Заев и олабавување на притисокот кој доаѓа од јавноста и членството кое бара промени, а кои градоначалникот на Струмица од разни причини никако не може да ги испорача.

Виртуелните конфликти не се новина во СДСМ. Тие  се одлична ситуација за екслидерот Бранко Црвенковски, кој од сенка продолжува да функционира по принципот „раздели па владај“, со тоа обезбедувајќи си себеси комотна позиција за контрола на партијата и влечење на клучните потези во критични моменти.

Такви во блиското минато беа инсценираните конфликти со поранешниот генерален секратер Ѓорѓи Спасов, мининстерот за финансии Никола Поповски и своевремено Љубомир Фрчковски, при што подоцна се покажа дека истите тие што наводно беа во конфликт подоцна кога тоа му требаше на СДСМ и Црвенковски останаа верни на партијата и на експретседателот.

Со тоа Црвековски успеваше да го амортизира очигледното незадоволство во јавноста која по 7 последователни изборни порази  бара темелни промени во СДСМ.

Од тие причини, неприродно е да се мисли дека Заев и Савова се во некаков конфликт бидејќи Савова со години е еден од најблиските соработници на Црвенковски, а Заев со одлуката за негова аболиција за случајот „Глобус“ е доживотен должник на доживотниот партиски „ шеф“ во сенка.

Фактот што во периодот по лажниот конфликт ниту еден член на наводните две крила во СДСМ не сакаше да даде интервју за „Република“ во кое би говорел на истава тема само дополнително го потврдува напишаното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top