За една година за 60 проценти е зголемен бројот на пациенти во ГОБ 8-ми септември. Во 2012 имале 100.000, а лани над 160.000 прегледи. Најмногу работа имале вработените на рендген. Половина од пациентите биле од други градови. Втора смена е воведена на секое одделение. Некогаш поради премореност на лекарите се одложуваат некои операции кои не се итни.
– Некои интервенции се одложуваат поради тоа што докторите се прекумерно ангажирано со дежурства, а некогаш ги одложуваме особено ортопедските закажани операции поради трауматските случаи кои се неочекувано во зголемен број упатени во нашата установа. Отворивме и оперативна сала по потреба и во попладневните часови заради решавање на овие итни трауматолошки случаи, вели проф. д-р Сашо Стојчев, директор на ГОБ 8-ми септември.
Од болницата инсистираат прегледите од Мој термин да не бидат пократки од 20 минути.
– Се плашам секогаш кога има премногу работа да не дојде во прашање квалитетот на прегледот. Имаме жалби особено од одделенијата каде има многу пациенти, да се намали времето потребно за преглед. Имаме интервенција од Лекарската комора дека прегледите не треба да траат помалку од 20 минути, но реално од 20 до 30 минути. Сите прегледи кои траат под 20 минути постои ризик од лекарска грешка бидејќи пациентите се многу нетрпеливи,додаде проф.Стојчев.
Инаку со новата апаратура, обуките на кадарот во странство и реконструкцијата на неколку одделенија значително е подобрен квалитетот на услугите информираат од болницата 8-ми септември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.