| четврток, 6 декември 2018 |

Куркулас тврди дека Грција го почитува идентитетот на нашата земја

dimitris kurkulas

Ние го почитуваме идентитетот на земјата, но и тие треба да не почитуваат нас, изјави грчкиот заменик – министер за надворешни работи Димитрис Куркулас во интервју за француски „Ла Трибун“.
На новинарско прашање дали Грција ќе го искористи претседателството со ЕУ за да ја „деблокира ситуацијата со Македонија и да ја забрза нејзината европска интеграција“, Куркулас рече дека неговата земја дала предлог за сложено име со географска одредница, за да се разликува со истоимениот грчки регион.
– Ние го почитуваме идентитетот на земјата, но и тие треба да не почитуваат нас. Нашиот став е многу флексибилен, а сепак политичките сили во Скопје не ја користат ваквата отвореност. Токму спротивното, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи.
Куркулас исто така повтори дека Грција „многу позитивно гледа на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан“ и додаде дека токму неговата земја била „пионер на ова движење во 2003 година“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top