| четврток, 6 декември 2018 |

Во Египет обвинение против 20 новинари на „Ал џазира“

Al-jezira

Египетски обвинители денеска покренаа обвинение против 20 новинари на катарската телевизија „Ал џазира“, меѓу кои и четворица странци кои ги товарат за „емитување лажни вести“.

Шеснаесет Египќани се обвинети за припадност кон „терористичка организација и нанесување штета на националното единство и општествениот мир“, наведува обвинителството во соопштение.
Четворица странци, двајца од Велика Британија, еден од Австрија и еден холандски државјанин, обвинети се за „соработка со Египќаните така што им обезбедувале пари, опрема, информации, и за емитување лажни вести наменети за информирање на надворешниот свет дека во Египет се води граѓанска војна“.

Од нив 20, осум се наоѓаат во притвор, додека полицијата трага по останатите.

Обвинителството не го откри идентитетот на уапсените, но на 29 декември во еден каирски хотел се уапсени тројца новинари на „Ал џазира“ – Питер Грист, познат австралиски репортер кој некогаш работел за Би-би-си, канадско-египетскиот новинар Мухамед Адел Фахми и египетскиот продуцент Бахер Мухамед.

Обвинителството претходно го обвини тимот на „Ал џазира“ за врски со Муслиманското братство, кое египетската војска го прогласи за терористичка организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top