Почнува проектот за гасификација на скопскиот регион со кој ќе бидат опфатени 17 општини. Инвестицијата од околу 100 милиони евра ќе се реализира за пет години по принципот на јавно-приватно партнерство, а дел од дистрибутивната мрежа ќе биде пуштен во работа во 2016 година.
Како што соопшти денеска премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Владата, проектот предвидува гасификација на целата земја. Изградбата на дистрибутивниот систем ќе почне во 2015-та и за пет години, до 2019-та, треба да се реализираат најмалку 70 отсто од планираната инфраструктура.
– Од денеска почнува конкретната операционализација на проектот за гасификација во Република Македонија. Во изминатите неколку години интензивно и посветено работевме на завршување на сите мерки, активности и процедури за да дојде до оваа точка. Тоа не бешне нималку лесна и едноставна работа иако некои структури се обидуваат да ја прикажат така – рече Груевски.
Проектот, додаде, ќе биде изведен по сите стандарди, не парцијално, туку интегрално, без импровизации, туку со цврсти планови и програми.
– Беа потребни многу подготовки, изработка на мега проекти, средување на имотно-правни и земјишни односи, правање многу анализи и, секако, најбитното, требаше да се обезбеди темел, договор за снабдување со гас на цела Македонија. Посветено и одговорно, трпеливо и интензивно, за повеќе од четири години сработивме се што е потребно и обезбедивме договор со Руската Федерација за снабдување со гас и го реализиравме клучниот предуслов
за почеток на гасификацијата – потенцира премиерот.
Со гасификацијата, освен општините во Скопје, опфатени ќе бидат уште седум од околината, Сопиште, Зелениково, Студеничани, Петровец, Илинден, Чучер Сандево и Арачиново. Според анализите, заштедата на граѓаните кои за загревање користат парно, дрва, струја и екстра лесно гориво ќе бидат драстично намалени. Ако објект што се грее на парно биде приклучен на природен гас годишно ќе заштеди 24 отсто, ако е за домување, или 30 проценти ако е комерцијален.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски