Нема жртви во пожарот кој што десетина минути пред 1 часот утрината избувнал на најстариот македонски пазар Бит пазар.
Целосно се уништени најмалку десетина дуќани во централниот дел од пазарот и предизвикана е огромна материјална штета.
Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на скопската противопожарна бригада спречено е ширење на огнот на другите делови од пазарот.
Детали за причините на пожарот и точната штета полицијата ќе објави по увидот на стручните лица.
Фотогалеријата можете да ја погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.