Тенискиот дуел на двете убавици, Марија Шарапова и Даниела Хантукова и припадна на Русинката и тоа убедливо со само еден загубен гем, 6-0, 6-1. Се играше во Париз, во „Берси“, а апсолутно доминираше Шарапова. За час и 12 минути Маша ја декласира тенисерката од Словачка и во четвртфиналето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Кирстен Флипкенс и Ивон Мојсбергер.
Марија е прва носителка на турнирот во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.