Актерот на НУ Народен театар-Битола, Огнен Дранговски повторно ќе настапува на сцената на „Глоуб Театар“ во Лондон, овој пат во англиската претстава „Венецијанскиот трговец“ инспирирана од делото на Вилијам Шекспир, објави порталот „Локално мк.“
Подготовките на претставата почнуваат за десет дена, а премиерата е закажана за 6. март во Лондон. Во претставата ќе настапат 8 актери од Англија, еден од Австралија и Огнен Дранговски од Македонија.
– Во „Венецијанскиот трговец“ ќе ја играм улогата на Шајлок. Утврдено е да се одиграат 20 претстави за што се продадени 20.000 билети. Во претставата учествуваат 10 актери, 3 музичари, и еден голем тим на „Глоуб Театар“. Претставата е наменета на средношколската и т.н. колеџ-генерација, и притоа секој посетител на влезот ќе добива маска со што симболично на сцената и во публиката ќе се одвива еден голем маскембал, истакна Дранговски пред заминувањето за Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бурен аплауз за претставата „Сон на летната ноќ“ на Андреј Цветановски на „Битола шекспир фестивал“
-
Tеатарски спектакли на петтото издание на „Битола Шекспир фестивал“
-
„Отело“ на Турски театар и „Симбелин“ на театарот „Иван Радоев“ од Бугарија на „Битола Шекспир фестивал“
-
Вечерва се отвора јубилејното издание на „Битола Шекспир фестивал“