| четврток, 6 декември 2018 |

По 21 часот заборавете на мејлот, телефонот и работата

spienje

Едно истражување спроведено на Државниот универзитет Мичиген покажало дека повиците, мејловите и пораките поврзани со работата пред спиење не им дозволуваат на луѓето да направат дистанца од работниот ден, како на пример разговор со пријател.

Луѓето најчесто одат на спиење меѓу 21 часот и еден часот по полноќ.

Студијата покажала дека оние луѓе кои користат телефон пред спиење најлошо спијат.

– Паметните телефони го пореметуваат сонот, бидејќи на луѓето им се постојано во близина, под перниците или на орманчето до креветот. За разлика од лап-топовите, паметните телефони светат и испуштаат звуци, така што одвлекуваат внимание – велат од истражувачкиот тим.

Добриот сон, меѓу другото го нарушуваат и пушењето и конзумирањетоо црвено месо неколку часа пред спиење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top