Пред малку пожар избувна во село Мешеишта општина Дебарца. Според исказите на очевидци гореле три куќи, објави „Охрид нет“.
– Противпожарната единица е веќе на терен со две противпожарни возила, потврдуваат од Противпожарната единици Охрид. Пожарот бил пријавен во 11 20 часот со што било кажано дека се запалила плевна.
Пожарникарите се борат со пламените јазици. Подетални информации за тоа како настанал пожарот и колкава штета предизвикал се очекуваат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


