Момче се бори за живот на скопските клиники откако добило удар со клешта во главата и паднало во несвест. Според локалната полиција, станува збор за 25-годишниот Д.К. од селото Спанчево, кој завчера добил тешки повреди во пресметка со извесен Т.Н. (39)
На инцидентот му претходела расправија, која подоцна кулминирала со удар со метална клешта по главата на момчето.
Со тешки повреди и во несвест, Д.К. бил пренесен на Одделот за хирургија во кочанската болница, но поради сериозните повреди бил префрлен во скопскиот клинички центар.
Полицијата како осомничено лице за инцидентот го привела Т.Н. и информира дека сѐ уште работи на расветлување на случајот. До затворањето на денешниот број на весникот немаше болнички информации за здравствената состојба на момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.