| четврток, 6 декември 2018 |

Паѓа цената на златото

gold

Цената на златото за итна испорака се намали за 0,6 % и се тргуваше за 1 248,90 долари за унца во 11:33 на берзата во Сингапур, јави ”Блумберг “.

Златото со испорака во април се тргуваше речиси без промена за 1 253,10 долари за унца на берзата во Њујорк.

“Цената на златото е под притисок во моментов, бидејќи инвеститорите се во очекување на претстојниот состанок на ФЕД”, изјави Џејмс Стил, аналитичар во HSBC Securities во САД .

Среброто ja намали својата вредност за 0,1 % и достигна до 19,5636 долари за унца. Платината и паладиумот се тргуваа речиси без промена, односно за 1 410,38 и 716,55 долари за унца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top