Според информациите од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.
„Подобрувње на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и економската конкуретност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование“, истакнува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија. Според неа истовремено и регулаторното, институционалното и финансиското опкружување може да бидат зајакнати за понатамошно промовирање на иновациите на ниво на компании и подобрување на комерцијалната апликација на неговите академско-научни и технолошки средства.
Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот.
Студентите и персоналот од универзитетите, истражувачки институции и претпријатија ќе имаат корист од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.
„Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата“, вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование при регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот.
Активностите на компаниите во Македонија што се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење на иновации, претставува важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Кастинвест се откажува од грантот од Фондот за иновации
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
После галопирачкиот раст на економијата претходните години, Македонија лани немала никаков раст