| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер на француското филмско наследство во Кинотека

Утревечер со почеток во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи вечер посветена на француското филмско наследство.
Во рамките на овој настан, ќе биде претставен Францускиот филмски фонд од страна на г-дин Ерик Лероа, почесен гостин на Кинотеката на Македонија и Претседател на Меѓуродната федерација на филмски архиви, а потоа следи проекција на обновената верзија на култниот француски филм „Армија на стравот“ на Жан-Пјер Мелвил (1969).
Филмот е со превод на македонски јазик.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Мими Ѓоргоска-Илиевска, Директор на Кинотеката на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top