Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржат 80 – та и 82 – та седница.
Пред нив на дневен ред на 80 – та седница ќе се најде Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, како и по Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.
За Предлог- одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите и Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието на РМ, пратениците ќе расправаат во рамки на 82 – та седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.