Деветиот моден викенд Скопје ќе се одржи од 1 до 6 април и ќе биде во знакот на силните и интензивни бои и раскошни цветови. Ќе преовладуваат виолетовата и црвената боја.
Како што најавуваат од организацијата, почнаа подготовките за априлското, деветто издание на Моден викенд Скопје и тоа со фотосесија за новиот имиџ кој ќе ја следи сезоната пролет –лето 2014 година. Македонските дизајнери ќе се претстават со најновите колекции за претстојните пролет и лето. Ревиите ќе бидат на различни локации во Скопје.
Во новата сезона Моден Викенд Скопје ќе ги обедини природата, која во денешното време повеќе не е статична, балансирана и хармонична и техологијата која инспирирана од културните навики ја дизајнира нашата околина создавајќи ја таканаречената „Следна природа“- која е апсолутно динамична и непредвидлива.
Продуцент на Модната недела е Светлана Богова Јовановска, а Ирина Илиевска останува кастинг-директор. За фризурата се задолжени од „Бубе студио Ин“ во соработка со брендот „Роланд“. Валентина Куновска од модната агенција „Подиум“ е моделот, а шминката е на Зоран Шурбевски. „Космо“ е и овој пат официјален партнер за шминка и убавина. За фотографиите се задолжени Ани и Дими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.