– Kако претставник на мојата држава, логично е во мојот говор, не еднаш, туку повеќепати да го употребам зборот Македонија, изјави за „Дневник“ пратеникот Хајрула Мисини, кој учествуваше на Kонференцијата на комисиите за европски прашања во Атина.
На пат назад кон земјава Мисини во телефонски разговор за весникот објаснил дека во текот на неговиот говор домаќините ги налутило тоа што повеќепати рекол Република Македонија, но и пораките што во излагањето им ги испратил. Но министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос реагирал, по што Мисини си го довршил излагањето.
– Првиот пат кога реков Република Македонија, претседателот на грчката комисија се обиде да ме прекине повторувајќи неколку пати „благодарам, благодарам…“. Но, бидејќи моето излагање не беше завршено, јас реагирав и реков дека имам уште од обраќањето. Тогаш реагира и Венизелос, по што јас продолжив со мојот говор – објаснува Мисини.
Во текот на говорот, како што раскажува тој, нервоза се забележувала и кај преведувачите и кај другите присутни. Особено кога Мисини порачал оти „очекува токму Грција да биде нејзиниот поддржувач на патот кон ЕУ, дека Македонија ги исполнила Kопенхашките критериуми, како и дека Грција најдобро знае како е да се биде член на Унијата без да се исполнат критериумите“. Се разочарал од одговорот на домаќините дека проширувањето не е на приоритетите на грчкото претседателство со Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција