ДВД верзијата на филмот “Волкот од Волстрит“ ќе трае еден час повеќе сегашната. Филмот во кој има дури 506 пцовки напролет ќе излезе на ДВД и Блу реј диск, а се претпоставува дека Леонардо Ди Каприо и екипата ќе го срушат досегашниот рекорд во употреба на вулгарни зборови на филм.
Продуцентската куќа најави дека и секс сцените во филмот ќе траат подолго, па филмот ќе трае околу четири часа.
– Во продолжената верзија појасно ќе се види неговата желба да заработи што повеќе пари, како и неговата рамнодушност кон луѓето кои ги измамил – изјавил Џои Мекфарлан, еден од продуцентите на филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



