| четврток, 6 декември 2018 |

Живее како Волкот од Волстрит

businessweek-lambo-copy-624x415

Американецот Тимоти Сајкс (34) преку тргување со акции се занимава цели 15 години и тоа навидум многу успешно.

Имено, тој кога бил на 21-годишна возраст заработил повеќе од 1,5 милиони долари, а денес, освен што и натаму заработува суми на пари од кои „боли глава“, сака и да се фали со тоа и дели совети како да се биде и да се остане успешен.

Неговиот профил на Инстаграм во моментов е еден од најпопуларните.

Но, Сајкс освен совети дели и подароци. Прекарот „Волкот од Волстрит“ многу добро го опишува овој 34-годишен човек, но за разлика од вистинскиот „Волк“, Џордан Белфорт, Сајкс, колку што е познато, не е обвинет за никакви афери, а за неговото име не се поврзуваат ни некакви скандали.

На своите верни следбници на Инстаграм, кои се се побројни, освен што им дели совети за успешна работа, често знае да им поели по некој подарок.

– Мислете сами за себе. Немојте да стравувате од грешки. Фокусирајте се на тоа да останете во играта. Пронајдете рамнотежа во вашиот живот. Секогаш имајте план. Контролирајте го ризикот. Поставети си цел на високо ниво, советува Сајкс во изјава за „Хафингтон Пост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top