Во Велес сè повеќе се зголемува бројот на заболени од грип во последната седмица и вкупниот број на болни е 115. Во првите дваесетина дена од јануари имало 40 заболени, а во последните седум дена има нови 75 грипозни лица, според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова информира дека во изминатата недела од грип се заболени и четири деца до 3 години и две деца на возраст од 5 до 14 години. Најмногу заболени (58 лица) има во старосната група од 15 до 64 години, а 12 се над 65-годишна возраст.
Според д-р Трајкова, состојбата со грипот во Велес не е алармантна и дека е вообичаена за овој период од годината. Сепак, предупредува болните со симптоми на грип веднаш да се јават кај своите матични лекари за да добијат правилна терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



