| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Железницата годинава ќе добие 75 нови вагони

tovaren voz

Железницата до крајот на јули годинава ќе ги добие првите 75 нови товарни вагони, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Владата преку проект на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) нарача два типа на вагони. Првите се 150 товарни вагони од кои 75 затворени и 75 плато вагони. За нив лани во декември е склучен договор и првите вагони треба да стигнат во јули, а сите до декември годинава – изјави премиерот Груевски.

Инвестицијата во делот на товарните вагони, како што истакна, изнесува 13,2 милиони евра.

-Втората група на вагоните се во делот на патничкиот сообраќај каде набавуваме шест композиции составени од локомотива и вагони за по 1.200 патници. Од нив четири се со дизел локомотиви, а две на електричен погон во вредност од околу 24 милиони евра. Постапката за набавка е во тек и се одвива преку ЕБОР со која ја заокруживме финасиската конструкција – прецизира Груевски.

Тој посочи  дека во март годинава се планира да се склучи договор со компанија која би ги произвела и доставила шесте нови композиции за околу 18 месеци.

– Со тоа ќе се замени околу 60 отсто од возниот парк на патничкиот железнички сообраќај во Македонија. Ова е инвестиција која долго време не беше направена во Македонија – нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top