Словенија ќе покрене тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Хрватска доколку нема друга опција во случајот со „Љубљанска банка“ – изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец.
Тој рече дека Словенија ќе ја тужи Хрватска, доколку хрватските судски пресуди на некој начин бидат спроведени во неговата земја. Ерјавец додаде дека тоа не е можно според словенечките закони, но оти негова должност е да и предложи на словенечката Влада тужба пред Меѓународниот суд на правдата доколку нема други опции.
Словенечката страна е незадоволна бидејќи пред хрватските судови продолжија процесите против словенечките банки во случајот со пренесените заштеди на „Љубљанска банка“, иако минатата година хрватскиот премиери, Зоран Милановиќ и неговиот тогашниот словенечки колега, Јанез Јанша, потпишаа меморандум со кој треба да се регулира тоа прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


