Еден ученик е убиен денеска во претпладневната смена во средното техничко училиште „Архитект Синани“ во Косовска Митровица, јави дописникот на МИА.
– Убиството се случило во ходникот на училиштето. А.С. (20) бил смртно застрелан од свој соученик. Двајцата учеле во иста паралелка. Сторителот на убиството е уапсен. Мотивите сѐ уште не се познати – изјавил полицискиот портпарол Авни Захити.
Градоначалникот на Косовска Митровица, Агим Бахтири, веднаш пристигна во училиштето и по средбата со директорот изјави дека овој „трагичен настан“ ги погодил сите, најавувајќи преземање мерки во училиштата со цел „ученииците да учат, а не да бидат жртви“.
– Заедно со полицијата ќе се организираме за поголема безбедност во училиштата – изјави Бахтири.
Денешното е второ убиство во училиште во Косово овој месец. На 9 јануари пред училиштето „Емин Дураку“ во Приштина беше убиено 14-годишно момче, а негов соученик беше тешко ранет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



