| четврток, 6 декември 2018 |

Инзаги останува во Серија А?

Прославениот поранешен напаѓач на Милан, Филипо Инзаги, би можел да седне на клупата на Сасуоло. Тој се поврзуваше со тренерското место во Милан, но Инзаги не се согласи да седи на клупата до крајот на сезоната и потоа да го остапи местото на Кларенс Седорф. Седорф веќе е актуелен тренер на Милан, а Инзаги останува на клупата на младинците во клубот каде што ги доживеа своите најголеми успеси.
Сопственикот на Сасуоло, откако го отпушти тренерот Ди Франческо поради лоши резултати, го контактирал Супер Пипо за да ја преземе функцијата прв тренер на клубот. Целта ќе биде да се избори за опстанок во лигата и да ја зачува функцијата во клубот од Реџо  Емилија и во следните сезони. За тоа постои шанса бидејќи Сасуоло заостанува само еден бод зад Болоња и Киево, кои се наоѓаат во сигурната зона за испаѓање во Серија Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top