Во Охрид ќе почнат постдипломски студии по филмско сценарио според програмата на престижната Академија за филмска и телевизиска уметност ФАМУ во Прага, кои ќе бидат дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.
Премиерот Никола Груевски денес истакна дека постдипломските студии ќе се предаваат на англиски јазик, а се очекува да почнат кон крајот на март или почетокот на април.
– Дипломата што ќе се добива по завршување на овие студии ќе ја има истата важност и ќе биде призната како дипломата издадена од ФАМУ во Прага. Станува збор за една од најстарите и најреномирана филмска академија во светот. Годинава почнува со оваа насока, но се очекува в година да бидат покриени и други делови од филмската уметност. За 5-6 години студиите ќе се комплетираат и очекувам овие студии да прераснат во регионални – истакна Груевски.
ФАМУ е основана во 1947/1948 година и е петта најстара филмска школа во светот. Од неа произлегле познати имиња во филмот и литературата, како Милош Форман, Милан Кундера, Јиржи Менцл, Вацлав Хавел, Лордан Зафрановиќ, Емир Кустурица.
Премиерот Груевски нагласи дека дипломата од дисперзираните студии во Охрид ќе биде заедничка со дипломата на ФАМУ и ќе биде идентична по квалитет, што е од особено значење за идните сценаристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


