Ако не се смета заедничкиот настап на сите кандидати во трговскиот центар „Делта сити“, ова е прв настап на Филип Јаневски – Фифи во Белград. Фифи ги забавуваше гостите во популарниот белградски ресторан „Кашмир“ до доцна во ноќта, а тие задоволни му честитаа за одличниот настап, пренесува српски „Хело“.

– Настапував првпат после напуштањето на „Икс-фактор“. Настапот во „Кашмир“ беше прекрасен и се надевам дека кога ќе излезат песните и видеоспотовите на српски јазик, ќе имам повеќе настапи. Им благодарам на луѓето во Србија што убаво ме прифатија. Тоа ми значи многу бидејќи знам дека мојата појава сѐ уште им е чудна на луѓето, но јас се борам и нема да престанам. Ќе ви вратам со добра музика – вели Фифи за српскиот магазин.
Фифи реши засега да остане да живее и да работи во Белград, а неодамна ангажираше и професионалец кој ќе се грижи за неговата понатамошна кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија


