| четврток, 6 декември 2018 |

Хајди Клум му кажа чао на момчето

Манекенката, водителка и судија во американското „Талент шоу“, Хајди Клум, ја раскина врската со телохранителот Мартин Кристен.

Романсата, која почна додека таа беше во брак со Сил, заврши, како и неговите работни ангажмани кај убавата манекенка, која ја чуваше со години.

Двојката почна да се забавува во 2012 година, а брзо потоа беше објавено дека Хајди и Сил се разведуваат по седум години брак.

Германката од двата брака има четири деца. Едно има од бракот со Флавио Бријаторе, а три од бракот со пејачот Сил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top