Скандалите продолжуваат да го следат италијанскиот фудбалер Марио Балотели или тој самиот ги брка. А за најновиот пишува и вчерашниот „Ла газета дело спорт“.
По победата над Калјари, напаѓачот на Милан во неделата вечерта во еден ноќен клуб во Милано прво вербално, а потоа и физички се пресметал со познатиот италијански пејач и водител на тамошниот „Икс-фактор“, Франческо Фачинети.

Франческо Фачинети
Во тепачката се приклучиле и братот на Марио, Енок, како и пријателите на Фачинети. И двете италијански ѕвезди седеле на главните сепареа во клубот, а не е познато зошто настанала целата турканица и кој прв почнал со навреди.
Петминутното лудило било прекинато од обезбедувањето на клубот, кое не дозволило некој да биде посериозно повреден, пишува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


