
Смртта на жирафата во скопската зоолошка градина, најверојатно, е предизвикана од човечки фактор, се сомневаат од организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“. Според нив, причина за смртта на жирафата Орка не е срцева мана како што беше претходносоопштено, туку човечка негрижа.
Според „Анима Мунди“, жирафата несреќено настрадала при хранење со уште три други жирафи. Непознавањето на животните и на начинот на кој треба да се чуваат, се главните причини за смртта.
Од организацијата за заштита на животите бараат детална истрага што ќе покаже дали Орка боледувала, или, пак, е жртва на негрижа во скопската зоолошка.
Во скопската зоолошка градина велат дека се преземни сите активности за откривање на причините на смртта. На Орка ѝ биле земени примероци од крвта и од ткивото за испитување. Рендгенските снимки, кои се неопхдни, според европската асоцијација на зоолошки, ќе покажат дали станува збор за физичка повреда. Треба да се разгледаат и видеоснимките во живелиштето на Орка.
Во моментов Зоолошката работи нормално и е отворена за посетителите. Во престојувалиштето на Орка сега се наоѓаат трите нови жирафи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


