Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е изложен на остри критики од пратениците и припадниците на религиозните партии во Кнесетот, затоа што девојката на неговиот син е Норвежанка и не е од еврејска вероисповед.
Партија Шас побара Нетанијаху да покаже државничка одговорност како премиер на Израел, во разрешувањето на овој случај. „Ова е голем проблем кој веројатно му предизвикува болки“ оценуваат преку израелските весници.
Откритието дека синот на израелскиот премиер има девојка „која не е Еврејка“ предизвика бранување и во владејачката партија Ликуд на премиерот Нетанијаху. Десното крило на Ликуд тврди дека станува збор за „мошне несреќен однос“ заговарајќи прекин на врската на Јари Нетанјаху со младата Норвежанка.
Критиките кон Нетанијаху избувнаа откако норвешкиот весник „Дагенс Нихетер“ напиша дека израелскиот премиер за време на неговата средба во Давос со норвешкиот премиер Ерна Солберг, се пофаил дека девојката на синот Јари е Норвежанка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


