| четврток, 6 декември 2018 |

Почна законскиот лов на ајкули во Западна Австралија

ajkuliСо Законот што го усвои Владата на Западна Австралија, првата ајкула е убиена утринава, во близина на градот Дансбороу, 250 километри јужно од Перт. Ајкулата била долга три метри и е еден од видовите, кои со законот се предвидени дека треба да се уништат.

-Па, тоа е во тек и јас сум задоволен со тоа. Се надевам дека ова ќе биде успешно, со цел да го намали ризикот за плажите, изјави Колин Барнет-премиер на Западна Австралија.

Ајкулата била застрелана од страна на рибар, а нејзиното тело било фрлено назад во морето. На ваквиот закон, веќе реагираа екологистите, кои сметаат дека ќе се направи сериозен дисбаланс на еко-системот во Австралија.

-Реалноста е дека ваквата граница за ајкулите ќе ја влоши состојбата. Тие ги привлекуваат ајкулите близу брегот, потоа риболовците ги убиваат, а телата ги фрлаат во морето. Тоа само придонесува што поголем број ајкули до брегот, смета Џеф Хенсен.

Активистите-екологисти се заканија дека ќе ги саботираат граничните линии за ајкулите и најавуваат големи протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top