| четврток, 6 декември 2018 |

Што остана од манастирот „Прохор Пчињски“? (ФОТО)

Во пожарот што избувна денес во манастирот „Прохор Пчињски“ во делот познат како Кралски конак биле опожарени дел од конакот и комплетната покривна конструкција со површина од околу 400 квадратни метри.

Српската полиција потврдила дека изгорел покривот на конакот во кој спиеле монасите.

pozar-manstir

 

За време на пожарот во конакот имало околу 50 монаси и верници поради одбележувањето на Св. Сава. Сите биле навремено евакуирани и нема повредени лица.

pozar-manstir1

 

Пожарот зафатил уште еден конак во кој изгорела столаријата, но, за среќа, манастирската црква не е оштетена.

 

 

pozar-manstir2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top