| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени сефовите на Аркан, а во нив едно големо ништо!

z.r.arkan

Денеска во Комерцијална банка во Белград биле отворени сефовите на Жељко Ражнатовиќ-Аркан, но во нив, на изненадување на многумина, немало ништо!

Наредбата за отворање на двата сефа минатата недела ја дал судијата, а по барање на Обвинителството за воени злосторства, објави „Блиц“.

Обвинителството поднело барање бидејќи од Хашкиот трубунал добил материјали кои биле предмет за тужба против Ражнатовиќ.

Материјалот се проверува и обвинителството ќе одлучи дали и против кого ќе поднесе кривична постапка.

Како што пишува „Блиц“, на отворањето на сефовите не присустувала сопругата Цеца Ражнатовиќ, како ни останатите наследници на Аркан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top