Реакцијата на социјадемократите дојде откако денеска ЕУ и САД ги повикаа пртениците од нивните редови да се вратат во законодавниот дом.
– На 24 декември 2012 година, во македонскиот парламент се случи флагрантно кршење на Уставот, собранискиот Деловник и на досегашната парламентарна практика, а пратениците на опозицијата и преставниците на медиумите со полициско насилство беа исфрлени од парламентот, велат од СДСМ.
Од партијата потенцираат дека ваквиот груб преседан го прави македонскиот парламент нелегитимен, а таа легитимност може да се поврати само на предвремени парламентарни избори, и тоа доколку бидат фер и слободни.
Од партијата сметаа дека стратегиски приоритет на Република Македонија не може и не смее да биде само решавањето на спорот со Република Грција и деблокирањето на евро-атлантските интеграции, туку, пред сè, заштитата на правата и на слободите на граѓаните, зачувување на уставниот поредок и одбраната на основните принципи на демократијата, кои се, всушност, цивилизациски вредности и главен предуслов за интеграција во ЕУ и во НАТО.
СДСМ веќе дефинираше и јавно соопшти рационален и конструктивен план, за чиешто остварување сме подготвени уште веднаш да почнеме политички дијалог со сите политички фактори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


