
Очигледно, кај голем дел од новинарите блиски до СДСМ новинарството се претворило во бизнис, па речиси секој од нив си основал фирма или здружение. Нивниот биланс на успешност може да се забележи во голема мера и во имотите што ги поседуваат, а до кои дојдовме, пишува „Нетпрес“.
„Нетпрес“ стигна до нови податоци на фирми и на здруженија што се регистрирани од новинари или се наоѓаат како нивни основачи или управници. Списокот на новинари секојдневно се зголемува. На листата новинари бизнисмени се наоѓа и советникот за медиуми на Зоран Заев, новинарот Роберт Поповски, кој беше и поранешен претседател на ЗНМ. Роберт е основач на Друштво за телевизиска продукција ИНФНИТИ ПЛУС ПРОДУКЦИЈА ДОЕЛ Скопје, како и на Друштво за продукција и услуги С.С НОВА МЕДИА Доо Скопје. Роберт Поповски е избришан од евиденцијата на Здружението на Новинари каде пред извесен период беше претседател.
Според документацијата до која дојде „Нетпрес“, на Роберт Поповски занимавањето со бизнис и со новинарство му овозможило да се здобие во Катастарска општина Бардовци, со стан во семејна зграда со површина од 159 квадратни метри, 21 метар квадратен лоѓии, балкони и тераси.
Нов на списокот новинари што имаат здруженија е Дарко Чекеровски од телевизија „Телма“, каде што се јавува како основач на Здружеие за рамноправен развој Решенија за развој Скопје, и Здружение за промоција и унапредување на културните вредности Конфиденс Скопје. Здружението Конфиденс во 2012 година остварила приходи од 383.193 денари, од кои најголемиот дел се донации-359.774 денари.
Уште еден новинар, која има фирма и здружение е Драган Антоновски. Тој е основач на Здружение Институт за мас медими, едукација и комуникации, како и на фирмата Друштво за трговија услуги и продукција ПОРТА ФМ ДОЕЛ експорт-импорт Скопје. Преку оваа фирма во 2012 остварил приходи од 715. 622 денари.
Според увидот во имотните листови Драган Антоновски има
– во Катастарска општина Куманово, место/улица Ѓ.Пуцар Стари, поседува заедничко земјиште (лозје) со вкупна површина од 2087 метри квадратни.
– на ул. 16 Мак. Бригада Катастарска Општина Гази Баба, поседува стан со површина од 91 метар квадратен, 10 метри квадратни помошни простории, 8 метри квадратни лоѓии, балкони и тераси.
– во Катастарска општина Филиповци, место Авлија, се јавува како сопственик на значителна површина на земјиште
Поранешниот главен уредник на „А1“ телевизија, Младен Чадиковски, е управител на фирмата Медија Плус Фокус Доел каде сопственик е Јадранка Костова. Фирмата е формирана со вкупен влог од 307.500 денари.
Од имотниот лист на Чадиковски може да се увиди дека тој се занимава и со овоштарство. Тој во Катастарска општина Сопиште-Вонградежен, поседува земјиште (лозје) со површина од 615 квадратни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










