| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет мртви во стампедо во Индија (фото)

Најмалку дваесет лица загинаа во стампедото на Кумб Мели, најголемиот верски собир во светот кој вчера се одржа во градот Алахабад, на реката Ганг во северна Индија. Метежот настанал на крајот од денот во чиј тек повеќе од 30 милиони аџии, што е досега рекорден број, се искапаа во светата река Ганг за „да се измијат од гревовите”.

Полициски функционер за агенцијата PTI изјавил дека дваесет лица загинале, а голем број се повредени во стампедото кое се случи во неделата навечер во близина на железничката станица во Алаханад, каде се собираат верниците за враќање дома. Локалната телевизија NDTV, додавајќи дека дел објави дека дел повредените се во многу тешка ситуација. Претставници на локалните власти изјавија дека под притисок на толпата попуштила оградата на пешачкиот мост во близина на станицата.

indija epa520

-Луѓето се одмарале на оградите кои не го издржаа притисокот и потпорките попуштиле – вели Асок Шарма, портпаролот на владата на сојузната индиска држава Утар Прадеш, каде се наоѓа светилиштето Алахабад.

Семејствата на жртвите го обвинија полцијата дека предизвикала паника,со што ја предизвикала несреќата.

ФОТО: ЕПА

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top