| четврток, 6 декември 2018 |

Шварценегер ја покажа новата девојка

Популарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ужива во родната Австрија во друштво на неговата нова девојка.

По бурните врски, разводот и аферите, поранешниот гувернер ја покажа новата девојка Хедер Милиган, со која е во врска речиси една година. Двајцата беа пречекани во Австрија како вистински ѕвезди.

Откако му пропадна неговиот брак со Марија Шривер, бидејќи во јавноста се појави вест дека тој има дете со куќната помошничка, 66-годишниот Шварценегер утехата ја најде во младата Хедер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top