По инцидентот на грчки терен, на кој настапуваше македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се случи уште еден немил настан на спортските терени, сега во мечот каде што настапува Предраг Самарџиски. Финалниот натпревар на завршниот турнир во српскиот кошаркарски национален куп “Радивој Кораќ“ помеѓу екипите на Партизан и тимот на Самарџиски, Црвена Звезда беше прекинат во Крагујевац во 26-та минута при резултат 43:43. Причина се навивачите кои влетаа на терен. Набрзо реагираше полицијата која спречи поголеми инциденти.
Финалниот дуел од почетокот се игра на граница на регуларноста, откако навивачите на двата клуба фрлаа петарди, ракети и останати тврди предмети. Играчите на двата тима веднаш си заминаа во своите соблекувалните, како и судиите, додека полицијата настојуваше да воспостави контрола на трибините каде што се наоѓаат особено навивачите на “црвено-белите“.
Донесена е одлука овој меч да продолжи во понеделник со почеток во 18:00 часот без публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финалето на Копа Либертадорес би можело да се играат во Европа
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!