| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка за Фалкао од соиграчите

Пред натпреварот со Марсеј, фудбалерите на Монако, кои го добија натпреварот со 2-0, носеа маици на кои пишуваше „Фуерца Тигре“ со поддршка за нивниот најдобар фудбалер Фалкао кој се повреди на натпреварот против Монт. Популарниот Ел Тигре ќе отсуствува шест месеци и е во трка со времето за да може да се подготви за престојното Светско првество, кое ќе се игра во Бразил во јуни.
Тој го проследи натпреварот  од болничкиот кревет по операцијата на левото колено. Фалкао на „Твитер“ се заблагодари за поддршката со коментар:

– Ви благодарам што ми давате поддршка. Ќе бидам тука за да ви ја дадам и јас мојата!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top