Новинарката Менче Атанасова-Точи ги демантира информациите пласирани во „Дневник“ за фирмите и невладините организации во кои таа е инволвирана. „Денешен“, пак, денеска излезе со спротивен став. Повикувајќи се на објавената документација, порталот тврди дека не е вистина оти нема никаква поврзаност со фирмите.
0

„Дневник“ посочи десетина фирми и невладина организација поврзана со Точи, дел од нив се и „Римедикал“ – друштво за трговија и услуги, „Елите Софа“, „Фешн Форс“, „Акон Пајо“, Институтот „Ходници’, а и златарницата „Смарагд“,„Денешен“ пишува дека за сите фирми, било да е нивното седиште или живеалиштето на управителите и сопствениците на тие фирми, се врзува со една единствена адреса Ул. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ.
– Менче Атанасова-Точи е еден од сопствениците на Здружение за заштита на здравствени и социјални права, заштита на правата на пациентите, особено на ранливата категорија граѓани, како и проблемите со кои се соочува ромската популација, ИНСТИТУТ ХОДНИЦИ Скопје. Косопственик се и Пајазит Точи и Адријан Точи, кој заедно со Менче Точи за адреса на живеење ја имаат посочено Ул. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ. Претседател на ова здружение е Менче Точи – пишува порталот.

Се споменува и фирмата „Аконт Пајо Пајазит Фори Точи ТП Скопје“, која за седиште ја има токму адресата на Менче Точи, УЛ. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ. Сопственик на оваа фирма бил Пајазит Точи со кого Менче Точи е соосновач на Здружението „Ходници“.

Исто така, Пајазит Точи, кој има исто презиме и адреса на живеење со Менче, се јавува и како неизвршен член на одбор на директори на Акционерско друштво за сметководствено-финансиски и други слични услуги БИЛАНС-ХИТ АД Скопје.

Пајазит Точи, кој е косопственик на здружението на Менче Точи, се јавува и како сопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги ХЕЗИТ ДОО увоз-извоз Скопје. И двајцата кои носат исто презиме пријавуваат идентична адреса, улица Чаирска број 36.


Во меѓувреме, во јавноста излезе сопственикот на Друштвото за трговија и услуги ЕЛИТ БИЛДИНГС ДОО Скопје, Аднан Хоџа, кој се колнеше дека нема никаква врска со Менче Точи. Но, податоците покажуваат сосема друго. Како адреса на живеење Аднан ја има посочено токму адресата на Менче Точи, улица Чаирска број 36 Скопје, со што директно се доведуваат во корелација. Значи, Менче Точи, која се расфрлаше со тужби, и бизнисменот кој рече дека нема врска со Менче, всушност, имаат иста адреса која е пријавена во Централен регистар. Тие, според документите, и живеат и имаат фирма и здружение на една иста адреса – наведува „Денешен“

Истиот бизнисмен Аднан Хоџа не само што за живеалиште ја посочил домашната адреса на Точи туку и формирал фирма со истата адреса како и здружението „Ходници“ на Менче Точи. Тоа е трговското друштво ФЕШН ФОРС ДООЕЛ Скопје – коментира порталот.

Според нив, Аднан Хоџа извесен период се јавува и како сопственик на Трговско друштво РИМЕДИКАЛ СК ДОО увоз-извоз Скопје. И во тој историјат на промени во Централниот регистар како негова адреса на живеење е пријавена адресата на Менче Точи.
Уште една фирма е формирана на адресата на Точи, Приватна здравствена установа-специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство ДОНА ГИН Скопје чиј сопственик и управител е ЉУЉЗИМЕ ХОЏА, кој за адреса ја има пријавено ул. Чаирска бр. 36 Скопје.

Последното околу кое се огради Менче Атанасова-Точи беше златарницата СМАРАГД, чијшто сопственик според документите е Неби Хоџа, кој за адреса ја има пријавено повторно адресата Чаирска број 36, каде што Менче Точи има регистрирано Здружение и која ја има пријавено како адреса на живеење – тврди „Денешен’.

„Денешен“ пишува дека, според правниците, таквата испреплетеност на фирми говори за две можни работи. Или посочената Точи го продала станот и тоа се повторило со уште неколкумина, што е помалку веројатно бидејќи при промена на живеалиште таа има законска должност да ги промени и адресите кои ги доставила до Централниот регистар, нешто што не е направено, или, второто, мноштвото фирми испреплетени пирамидално отвораат основа за сомнеж за корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што вклучуваат законските измени со кои почнаа да се блокираат фирми ?
-
Гостиварец заработи кривична: Отворал врати и кршел катанци, во една вечер обил четири фирми
-
Со 20.000 евра граѓаните не можат да купат ни гарсониера, а Трајче Заев купи фирма по багателна цена
-
Миноски: СДСМ да не ги зголемува даноците, тоа ќе предизвика затворање и селење на фирмите


