
Странски разузнавачки извори тврдат дека во јануари 30 Албанци од Косово заминале во Сирија. Бројот на Косовците што заминуваат е различен, во зависност од изворите, и варира од 4 до 400. Но, едно е сигурно, шест Косовци беа убиени во Сирија.
Според весникот „Дејли мејл“, Албанци од Косово, Македонија и од Албанија се позиционирани во различни радикални групи во Сирија и се борат дури и меѓу себе. Освен Албанци, во оваа војна има и Европејци.
Истражувањето спроведено од страна ИЦСР покажа дека повеќе од 11 илјади Европејци се вклучени во оваа војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


