| четврток, 6 декември 2018 |

„Бостонците“ се вратија во Бостон и победија со Бруклин

Херојски дочек во Бостон за Пол Пирс и за Кевин Гарнет, двајцата поранешни кошаркари на Селтикс. Првпат откако лани во јули го засилија Бруклин, Пирс и Гарнет беа гости и му помогнаа на својот нов тим да победи со 85-79. Пред мечот во салата публиката се забавуваше со снимки од нивните херои во 2008 година кога Бостон ја освои шампионската титула, а Пол и Кевин беа главни актери на патот до прстенот.

Сопственикот на Бруклин лани летото вложи многу пари за засилувања, но на тимот со многу ѕвезди не му одеше најдобро. Сега се стабилизира и со 5 победи по ред е на второто место во својата дивизија.

Во римеч од ланското финале Мајами хит го декласира Сан Антонио со 113-101, додека во уште едно дерби кошаркарите на Њујорк никс беа подобри од Лос Анџелес лејкерс и славеа со 110-103.

Останати резултати: Њу Орлеанс – Орландо 100-92, Кливленд – Феникс 90-99, Далас – Детроит 116-106, Сакраменто – Денвер 117-125, Голден стејт – Портланд 103-88.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top