Француските граѓани вчера излегоа на протести на улиците во Париз против политиката на нивниот претседател Франсоа Оланд. Тие се незадоволни од економската ситуација и од високата стапка на невработеност.
И додека деновиве во центарот на вниманието е љубовниот живот на Оланд, околу 17. 000 Французи протестираа извикувајќи „Французите се гневни“.
Учесниците во протестот, кој беше организиран од речиси 50 десничарски, екстремно десничарски и конзервативни католички организации, наречен „Ден на гневот“, побараа оставка од шефот на државата и неговата влада, укинување на легализацијата на браковите на луше од ист пол и на законот што дозволува право на абортус, како и преземање на поефикасни мерки во борбата против големата невработеност.
Исто така, многумина не го одобруваат и љубовниот живот на Оланд и неговата афера со актерката Жили Гаје, поради што и ја раскина долгогодишната врска со Валери Триервеилер.
Фото: АП
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


