Сообраќајот на сите патишта во Републиката се одвива по претежно влажни коловози наместа со остатоци од снег. Поради ниската температура, можна е појава на голомразица.
Поради интензивни снежни врнежи во текот на ноќта, воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.