| четврток, 6 декември 2018 |

Ница ќе добие реплика на њујоршката Статуа на слободата

Реплика на познатата њујоршка Статуа на слободата набрзо ќе биде поставена во француското летувалиште Ница на Азурниот Брег. Копија на статуата, чија големина, но и нејзиниот изглед се уште не се познати, ќе биде поставена на новиот кеј на САД во Ница.

Поставувањето на статуата ја најави градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози. Според француските медиуми, градските власти статуата ја нарачале пред две години.

Со поставување на скулптурата, која претставува алегорија на слободата, Ница ќе им се придружи на низа градови кои поседуваат намален модел на 46-метарскиот њујоршки споменик, како што се Буенос Аирес, Рио де Жанеиро, Токио, Париз и неколку француски градови.

Статуа на слободата се наоѓа на Островот на слободата во Њујорк. Франција во 1886 година им ја подарува на САД во знак на пријателство. Скулптор на споменикот е Огист Бартолди, а внатрешната конструкција ја изработи Гистав Ајфел.

Од 1984 година Статуата на слободата е прогласена за културно наследство од страна на УНЕСКО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top