| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа Лекиќ најдобра на светот во 2013 година

Ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ Андреа Лекиќ е избрана за најдобра ракометарка на светот во 2013 година. Тоа е најголемо можно индивидуално признание за Лекиќ, која имаше неверојатна година како на клупски така и на репрезентативен план.

Признанието и беше доделено пред почетокот на финалниот натпревар на ЕХФ ЕУРО 2014 во машка конкуренција кое се одржува во Данска. Покрај неа, во финалната конкуренција беа уште и Анита Горбич, Катарина Булатовиќ, Хајди Локе и Катрин Лунде.

Лекиќ во 2013 година најпрвин со унгарската екипа Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во новата сезона има голем придонес во победите на ЖРК Вардар СЦБТ во Лигата на шампионите, каде што се пласира меѓу 8 – те најдобри во Европа. Круна на се во успешната година, беше сребрениот медал со репрезентацијата на Србија, на Светското првенство минатиот месец, каде што Лекиќ имаше улога на капитен и беше вистински предводник на патот до големото финале.

ЖРК Вардар СЦБТ се гордее со ова признание на својата ракометарка Андреа Лекиќ и и посакува повторување на извонредната година и во 2014 – та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top