Не е се така црно во здравството… Се уште постојат поединци кои не ја заборавиле човечката страна, а доказ за тоа е и писмото кое го објави 24-годишен корисник на Reddit. Тој писмото го добил набрзо по смрта на неговта мајка. Се работи за писмо на лекар кој никогаш претходно не почувствувал потреба да го контактира семејството на пациентот.
„Писмото го доби мојот татко. Тој е оној кој беше со мајка ми до самиот крај“, посочува за Huffington Post корисникот.
Еве го писмото во целост:
„Драг господине…
Јас сум лекарот кој ја лечеше вашата сопруга минатата недела. Дури вчера дознав дека починала. Ви пишувам за да ја изразам својата тага. Веќе 20 години работам како лекар и никогаш претходно не сум напишал писмо на пациент или член на семејството на пациентот, затоа што нашите средби многу често се кратки и не ни дозволуваат лична интеракција.
Сепак, во вашиот случај, чувствував посебна поврзаност со вашата сопруга. Тоа е поради фактот што и покрај нејзината болест и тешкото дишење, таа остана активна и весела до самиот крај. Ме погоди и тоа што делувавте како пар преполн со љубов.
Вие и бевте голема поддршка. Ги поставувавте вистинските прашања и се грижевте. Како искусен лекар, научив дека љубовта и поддршката на партнерот или членот на семејството е најубавиот подарок и донесува мир дури и на оние кои се неизлечиво болни.
Жал мие за вашата загуба. Се надевам дека ќе пронајдете утеха во сеќавањето на големиот дух на вашата сопруга и преубавата врска која ја имавте. Моето искрено сочуство до вас и Вашето семејство“.
Жената боледувала од рак на дојкат. Пред еден месец имала тешкотии со дишењето поради што завршила во болница, а 16 часа подоцна починала. Лекарот првпат ја запознал последната недела кога завршила во болница.
-Да е жива мојата мајка, ќе сакаше читателите да ја почувствуваат моќта на сочувството на овој целосен странец – вели синот и додава:
-Корисниците на Reddit беа воодушевени. докторите, медицинските сестри и останатите кои загубиле некој поради болест се изненадени од фактот дека овој искусен доктор нашол време за да го напише ова писмо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
За некој ден ќе се роди Марко кој никогаш нема да го видиш: Сопругата на Оливер му напиша писмо!