| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 50 загинати во протестите во Каиро

Clashes on 25th Revolution Anniversary in Cairo

Во последните 24 часа најмалку 50 лица загинаа од почетокот на уличните протести што вчера избија во Каиро во текот на одбележувањето на тригодишнината од соборувањето од власта на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Ранети 247 лица, додека Министерствто за внатрешни работи објави дека во текот на протестите полицијата уапсила 1.079 лица.

Судирите избија меѓу демонстрантите кои го поддржуваат соборениот исламистички претседател Мохамед Морси и оние кои ја поддржуваат војската, која Морси во јули минатата година го собори од власта, по само една година на чело на државата.

Потоа египетските безбедносни сили покренаа остри мерки против движењето на Морси „Муслиманско братство“, па беа уапсени илјадници исламисти, вклучувајќи го и речиси целото раководство на ова движење, а во судирите до сега загинаа повеќе од 1.000 лица.

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top