Згрозена сум од текстот објавен во весникот „Дневник” и демантирам било каква поврзаност со фирмите кои се наведени во текстот на Катерина Нешковска, вели новинарката Менче Атанасова Точи.
Во демантот што таа го испрати стои:
Освен невладина организација „Ходници”која е регистрирана во моментот кога останав без работа кога згасна А1, не ми е позната и не сум поврзана со ниту една друга фирма. Невладината организација „Ходници” никогаш не профункционира, низ неа не поминал ниту денар. Немам никаква поврзаност ниту со фирмата „Акон Пајо”. Мојот сопруг има фирма „ Аконт – Пајо” и со години си работи сметководство, чесно си го заработува лебот и редовно си ги плаќа давачките кон државата. Ниту сум сопственик, ниту косопственик, моето име не фигурира во оваа фирма, ниту имам било каква врска со сметководство. За Фирмите „Римедикал” – друштво за трговија и услуги, „Елите Софа”, „Фешн Форс”, и златарницата „Смарагд” првпат слушам, не ми се познати и никогаш не сум имала никаква поврзаност со нив,.
Во новиот демант испратен до јавноста денеска, Точи вели дека по информацијата дека била сопственик на десет фирми која ја објави Дневник, а ја пренесоа уште низа медиуми, доцна синоќа после вестите се јавил сопственикот на фирмите.
-Станува збор за бизнисмен од Скопје кој има и други фирми. Моето презиме нема никаква поврзаност или допирна точка со неговото, ниту пак го познавам. Тој ми соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе испрати соопштение и демант до сите медиуми дека немам никаква поврзаност со неговите фирми, вели Точи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што вклучуваат законските измени со кои почнаа да се блокираат фирми ?
-
Гостиварец заработи кривична: Отворал врати и кршел катанци, во една вечер обил четири фирми
-
Со 20.000 евра граѓаните не можат да купат ни гарсониера, а Трајче Заев купи фирма по багателна цена
-
Миноски: СДСМ да не ги зголемува даноците, тоа ќе предизвика затворање и селење на фирмите


